Google+ конечно доби страници за брендови

После пет месеци од своето стартување, Google+ конечно претстави официјалнистраници за брендови и бизниси. Со официјалните страници Google+ најпосле ќе понуди можност компаниите да ја искористат оваа друштвена мрежа за што поголемо онлајн присуство.

Google изјави дека крирањето и користењето на овие страници ќе биде бесплатно, и на нив нема да се најдат реклами. Моментално, опцијата за креирање страници сè уште не е достапна за сите, меѓутоа во наредните два дена секој ќе може да креира Google+ страница. Кога опцијата ќе стане достапна, корисниците ќе можат да одберат во кои од петте понудени категории ќе им припаѓа нивната страница. Станува збор за категориите: Локален Бизнис или Место, Продукт или Бренд, Компанија, Институција или Организација, Уметност, Забава или Спорт, и Друго.

На почеток тој што ќе ја креира страницата ќе биде нејзин администратор. За почеток никој друг нема да може да биде администратор на таа страница, ниту пак да се префрли таа страница на некој друг. Исто така моментално URL-то ќе биде само бројка, исто како што е со профилите на Google+ корисниците. Нема информација за тоа дали ќе постои можност администраторите да го именуваат URL-то. Но за разлика од Facebook, администраторите ќе можат да го променат името на страницата во било кое време.

Уште една многу добра работа за Google+ страниците е тоа што ќе можат да бидат директно најдени преку Google, со едноставно додавање на симболот + пред името.

Страниците ќе можат да бидат препорачани со копчето +1, меѓутоа за да можат да бидат следени, корисниците треба да ги стават во своите кругови. Исто така, како и корисничките профили, така и страниците ќе можат да ја користат опција Hangout, и да крираат групни видео сесии. За да отворите страница на Google+, упатете се на plus.google.com/pages/create.

1 коментар на “Google+ конечно доби страници за брендови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии