Google+ код открива дека наскоро ќе пристигнат Google Games и Questions

Во кодот се открива и дека Google го подготвува Questions, сервис кој е базиран на Aardvark, кој Google го купи за 50 милиони, и сервис каде корисниците можат да поставуваат прашања и други корисници да им одговараат, сличен сервис има и Facebook. Но, бидејќи се на англиски, т.е. ќе бидат, можеби е покорисно да се користи македонскиот сервис Одговори.мк.

Google Games е логичен чекор на Google, всушност за да креира сериозна конкурентна-на-Facebook друштвена мрежа ќе мора да таа мрежа да има друштвени игри.

Zynga, креатор на популарните FarmVille, Empires & Allies, Mafia Wars, благодарение на Facebook стана бизнис кој вреди милијарди. Zynga е исто така компанија во која Google инвестираше 100 милиони долари.

Покрај популарноста и посетите, друштвените игри привлекуваат многу случајни играчи да висат на Facebook, тие имаат и голем финансиски потенција со продавање на виртуелни добра. Од сите продажби друштвената мрежа зема процент, пример, користењето на обавезните Facebook Credits значи дека и 30% од микро-трансакциите одат за Facebook. Ова е модел кој што и Google дефинитивно ќе го искористи.

1 коментар на “Google+ код открива дека наскоро ќе пристигнат Google Games и Questions

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии