„Планираниот систем за плаќање ќе му дозволи на Google да им понуди на мало продавачите повеќе податоци за корисниците и помош да ги таргетираат корисниците со реклами и попуст понуди за мобилните корисници кои се блиску до продавницата.“, велат изворите запознаени за проектот за Wall Street Journal.

Во принцип Android телефоните ќе се претворат во „паричници“. Google планира корисниците преку мобилниот да се грижат за своите сметки и да го следат плаќањето.

Уредите ќе користат „near field communication” технологија, односно безжичен пренос на податоци со краток домет. Android телефоните веќе ја имаат поддршката за NFC, a наскоро ќе има и iPhone 5.

Се очекува системот на Google да се појави до крај на годината, вели WSJ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии