Можеби Google Keep е копија на Evernote, но ќе го користите бидејќи е од Google

Google Keep е нова самостојна Android апликација од интернет гигантот со која може да ги снимате и организирате „сите работи кои сакате да ги запомните“. Апликацијата е едноставна и нуди брзо внесување на белешки со куцање на текст или преку снимање на говор. Може и да се слика преку апликациите и фотографиите да се едитираат со Android алатките. Сите внесени белешки, кои може да се организираат во листи претставени преку убав дизајн кој наликува на Pinterest, може да бидат синхронизирани преку разни уреди.

Новата апликација на Google потсетува на популарната Evernote која се користеше од Android корисниците бидејќи немаше друга алтернатива. Keep е првата мобилна апликација од Google за фаќање белешки која треба да ја врши истата функција како што е Notes или Reminder апликацијата на iOS. Можеби наскоро ќе видиме и Google Keep за iOS како што видовме Maps, Drive, Gmail и други Google aпликации на платформата на Apple.

За жал, Google Keep е достапна само за телефоните кои работат на Android 4.0+. Доколку имате најнов Android ќе може и да си направите виџет на почетниот екран.

[youtube]UbvkHEDvw-o[/youtube]

4 коментари на “Можеби Google Keep е копија на Evernote, но ќе го користите бидејќи е од Google

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии