Google ќе започне да им плаќа на издавачите за содржина

Дејан Соколоски

во Веб

Google ќе започне да им плаќа на издавачите за квалитетна содржина. Ова е сериозна промена на досегашната пракса на компанијата која одбиваше да им плати на издавачите чија содржина ја споделуваат, пишува Axios.

Програмата започнува подоцна оваа година во Германија, Бразил и Австралија. Google веќе објави неколку издавачи кои ќе ги исплаќа. Станува збор за германските Der Spiegel, FAZ, Die Zeit, Tagesspiegel и Rheinische Post; Schwartz Media, the Conversation, Private media, Solstice Media од Австралија; и A Gazetа и Siarios Associados од Бразил.

Една од можните причините за промената на ставот на компанијата е притисокот кој го прават неколку европски држави, но и притисокот кој Apple News го прави со плаќање на издавачите за квалитетна содржина. Франција и Австралија веќе имаат неколку одлуки кои ќе го принудат Google да плати за содржината која ја споделува.

Со ова дел од содржината која сега е зад „платежен ѕид“ ќе им биде достапна на сите. Google ќе плати, издавачите ќе имаат повеќе публика, а читателите ќе можат да читаат поквалитетни текстови.

Сепак дел од издавачите изразија и сомневање во добрите намери на Google и сметаат дека компанијата ќе ја искористи својата финансиска моќ да ја оствари својата политичка агенда.

„Го поздравувам фактот дека Google конечно призна дека треба да плати за вести“, вели извршниот директор на News Corp Australasia, Мајкл Милер.

„Тешко е да се избегне заклучокот дека ова е политизирана ПР вежба и дека Google има склучено зделки со издавачи кои ќе ги рефлектираат неговите мислења и ставови за друштвените прашања“.

Она што е официјално споделено е дека новиот производ на Google ќе биде интегриран во Google News и Discover на Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии