Google ќе ви помогне да направите мобилни веб сајтови

Google стартуваше нова иницијатива која има за цел да им помогне на компаниите да ги направат своите веб сајтови достапни за прелистување од мобилни уреди. Оваа иницијатива го носи името GoMo, или Go Mobile, која ќе им овозможи на компаниите да станат мобилни.

Според Google, секој ден сè повеќе луѓе посетуваат веб сајтови преку мобилни уреди. Голема е веројатноста овие посетители да не ги посетат повторни оние веб сајтови кои не се прегледни на мобилни уреди. За да не дојде до ова Google го стартуваше веб сајтот howtogomo.com, каде може да се најдат ресурси за тоа што го прави еден мобилен веб сајт добар, и како да се направи.

Овој веб сајт им овозможува на компаниите да внесат адреса на веб сајт во алатката GoMoMeter и да видат како тој би изгледал на паметен телефон. Оваа алатка ќе го анализира веб сајтот и ќе препорача што треба да се направи за да биде приспособен за паметни телефони. Извештајот може и да се преземе.

На howtogomo.com исто така може да се најдат инфографици и податоци кои ќе помогнат да се дознае повеќе за мобилните трендови и зошто е важно да се има мобилна верзија. Покрај ова, вклучени се и голем број на примери за мобилни веб сајтови, како и листа на девелопери кои можат да помогнат во изградбата на мобилен веб сајт.

Се разбира целта на Google со оваа иницијатива е да го зголеми бизнисот со мобилни реклами, кој годинава ќе донесе профит од 2,5 милијарда долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии