Google ќе стави крај на Chrome реклами кои премногу ја трошат батеријата

Од неодамна, Google изјави дека има забележано како одредени реклами кои се сервираат преку Chrome прелистувачот не само што значително ја трошат батеријата туку и влечат многу податоци од интернет.

Поради тоа, Google изнесе планови да започне со ограничување на ресурсите кои една реклама може да користи и да ги отстранува сите реклами кои ќе бараат повеќе податоци за преземање од предвиденото. Истото ќе биде и за оние реклами кои ќе ја оптоваруваат употребата на процесорот. Ваквото ограничување ќе започне дури од август.

Според новите норми, на рекламите кои ќе ви се сервираат, ќе им биде дозволено да преземат максимум 4MB податоци. Оние реклами кои ќе се со времетраење од 30 секунди, ќе можат да го користат вашиот процесор само 15 секунди. Иста мерка на преполување ќе стапува на сила и за реклами од 1 минута.

Интересно е тоа што компанијата се изјаснува дека само 0.3% од ракламите ќе бидат опфатени од сето ова, но и покрај таквиот мал процент, тоа е сепак 27% преземања, како и 27% искористеност на процесори од сите реклами кои се сервираат преку прелистувачот на овој гигант.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии