Google ќе стартува продавница за музика

Откако претходно претстави музички сервис во облакот, сега се открива дека Google е во преговори со големите музички студија да стартува онлајн музичка продавница.

Според Wall Street Journal и New York Times, Google планира да ја стартува оваа музичка продавница во следниве неколку недели во обид да му конкурира на Amazon Cloud Player и на iTunes. Apple неодамна претстави сличен сервис во облакот iCloud и iTunes Match, сервис за пристап до музика од iTunes од било каде.

Музичкиот сервис во облакот Google Music Beta овозможува корисниците да имаат пристап до својата музика преку различни мобилни уреди, но сервисот во моментот е со лимитирани можности, односно е во бета, тест верзија и има ограничен простор за складирање, можат да се закачат максимум 20.000 песни.

Уште кога го претставуваше Music Beta, имаше извештаи дека Google планира музичка продавница, но тогаш Google не успеа да се договори со музичките студија околу финансиските услови и како да се справи со пиратеријата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии