Google ќе прикажува информации за приватност за апликациите од Google Play

Од следната години апликациите кои се преземаат од Google Play ќе доаѓаат со детали за податоците кои се преземаат и за политиката за приватност и безбедност. Овие податоци ќе бидат сместени во нов оддел за безбедност, пренесе Google на блогот за развој на Android.

Дел од информациите кои ќе бидат споделени во оваа нова секција ќе се однесуваат на објаснувања за потребата од податоците кои ги собираат апликациите, но и дополнителни информации како:

  • Дали апликацијата користи криптирање
  • Дали апликацијата ги следи условите потребни за фамилијарните апликации
  • Дали информациите кои ги собира се неопходни за функционирање или корисникот може да одбере да не ги сподели
  • Дали безбедноста на апликацијата е испитана од трета страна
  • Дали апликацијата им овозможува на корисниците да ги избришат податоците ако ја избришат апликацијата.

Девелоперите на апликации во иднина ќе мора да споделат и кои и какви податоци се собираат и се чуваат, и како овие податоци се користат.

Промените ќе доаѓаат во период од една година. По пред-најавата (сега) има уште 3 чекори пред крајните рокови и објавувањето на податоците на Google Play. Во следните 3 месеци ќе биде објавена универзалната политика за приватност на Google Play. Потоа корисниците ќе можат да ги објавуваат податоците во Google Play конзолата. Во првите три месеци 2022 година, корисниците ќе почнат да ги добиваат овие информации на Google Play. За околу една година сите апликации во продавницата ќе мора да ги исполнуваат овие услови.

Дата кога конечно овие услови ќе мора да бидат исполнети засега нема, но според тајмлајнот кој го сподели Google до второто тримесечје на 2022 промените ќе бидат активни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии