Google ќе препорачува апликации кои ви се потребни според локацијата

Play Store има над милион апликации и пронаоѓањето на апликациите кои ни се потребни понекогаш е повеќе работа на среќа и информираност, отколку на упорност. Но, Google ќе го смени ова со нова функционалност на Android, и ќе се обиде да ни помогне да ги пронајдеме апликациите кои ни се потребни, кога ни се најпотребни. Она што го овозможува Nearby е да ви препорача, на пример, да преземете аудио водич кога корисникот е во музеј или да ја преземе апликацијата на United Airlines за бесплатна забава додека чекаат летови. Nearby ќе биде достапен на сите телефони кои доаѓаат со Android 4.4 KitKat.

„Пронаоѓањето на вистинските апликации во вистинско време, може да биде тешко доколку веќе не сте запознаени со нив. Затоа ја воведуваме новата функционалност на Android – Nearby, која ќе ве извести кога има апликација што може да ви е од помош со некои од работите околу вас“, вели Google на својот блог.

За активирање на Nearby потребно е единствено активирање на Bluetooth и локацијата, што ќе ги активира автоматските нотификации, во зависност од тоа дали во близина се наоѓа нешто за кое апликација или вебсајт може да бидат од помош. Новитетот е продолжение на Google Physical Web програмата, која овозможува пронаоѓање на релевантно „url“ во зависност од околината.

Chromecast Setup V2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии