Google ќе го индексира Facebook за мобилно пребарување

Google и Facebook можеби се сериозна конкуренција меѓу себе, борејќи се за вашето внимание, но кога е во прашање пребарувањето, компаниите пронајдоа заеднички јазик. Google доби дозвола од најголемата друштвена мрежа да започне со мапирање на податоците од мобилната апликација, јави Wall Street Journal. Ова значи дека при мобилно пребарување, Google ќе може да ги индексира и да ги прикажува податоците кои се достапни на Facebook апликацијата, како имиња од јавните профили, јавни Facebook групи, страници и настани. За останатите пребарувања корисниците ќе мораат да го користат сервисот на Facebook. Резултатите од пребарувањето ќе водат директно кон страните на Facebook.

„Кога луѓето пребаруваат содржини на мобилен интернет, сите кои користат Facebook for Android ќе можат да притиснат на линк и автоматски ќе бидат префрлени во апликацијата,“ објаснува портпаролот на Facebook. Индексирањето на Facebook најверојатно е само прв чекор на Google за индексирање на содржините и на останатите апликации. Социјалната мрежа без сомневање има повеќе и поинтересни содржини, а и не сите апликации имаат што да споделат, но оние кои имаат најверојатно ќе бидат индексирани.

1 коментар на “Google ќе го индексира Facebook за мобилно пребарување

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии