Google ќе ги „казни“ апликациите кои пречесто паѓаат

Google најавува промени во рангирањето кои треба да ги израдуваат сите корисници. Апликациите кои често паѓаат ќе бидат пониско рангирани на Google Play Store.

Промените се дел од напорите на Google за поквалитетни апликации. Компанијата работи на вештачка интелигенција која ќе овозможи презентација на поквалитетни апликации. Квалитетот на кодот е само еден од критериумите. Google ги тестира и апликациите за привилегиите кои ги бараат од корисникот. Секоја апликaција која бара повеќе привилегии отколку што се потребни, автоматски се рангира пониско.

Прегледувањето на апликациите не е едноставно, а Google нема да ангажира илјадници вработени. Наместо ова, компанијата изработи вештачка интелигенција која ќе препознава кога апликацијата не задоволува некои од стандардите.

Image courtesy of Google Play Store

Корисниците на Apple често знаат да им приговараат на фановите на Android за квалитетот на апликациите. Иако ова не секој пат е точно, на Google Play има и исклучително лоши апликации. Се чини дека Google е решен да ги надмине овие проблеми.

Неодамна компанијата креираше нова категорија, Android Excellence за апликации кои се најдобри во повеќе категории. Тимот куратори го разгледува дизајнот на апликацијата, перформансите, локализацијата и оптимизацијата за уредите. Google за оваа категоризација ги подели апликациите на видеоигри и апликации, јави Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии