Google ќе им плаќа на француските издавачи за снипетите кои ги споделува

Дејан Соколоски

во Свет

Google потпиша договор со група на француски издавачи за плаќање на авторски права за онлајн содржина. Со ова e креиранa законска рамка со која Google и креаторите на содржина ќе може да преговараат за индивидуални договори. Ова е прв ваков договор и ќе „ја отвори вратата“ за нови договори со други издавачи во иднина.

Издавачите на содржина ќе добиваат средства од Google за деловите од текст (snippet) кои се реобјавуваат. Во цената ќе бидат земени предвид прашања како тип на информации, број на статии дневно и месечен број на посетители.

Пребарувачот претходно се обиде да престане да ги покажува овие сегменти текст во државите во кои се издаваат содржините, за да не мора да исплаќа авторски права. Законодавците во Франција предупредија дека ова е опасно за секторот, и ќе доведе до злоупотреба на доминантната позиција на пазарот. Набрзо по ова Google започна преговори со издавачите, пренесе TechCrunch.

Француските издавачи дополнително ќе добијат и пристап до Google News Showcase и ќе можат да објавуваат делови или цели статии. Ова е нов начин за курирање на содржина кој досега беше достапен единствено во Бразил и Германија.

Финансиските детали на договорите со издавачите се тајни и не се објавени. Google претходно постигна договор со неколку издавачи како Le Monde и Le Figaro. Овие претходни договори во целост ја задоволуваат новата рамка.

2 коментари на “Google ќе им плаќа на француските издавачи за снипетите кои ги споделува

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии