Google стартува Analytics академија; Пријавувањата се до 8 октомври

Сакате да научите нешто повеќе околу аналитикa на интернет сообраќајот и Google Analytics? Доколку ве интересира мерењето и анализирањето на вашата содржина, која е најпосетувана и од кого, и ако сакате подобро да се запознаете со овој сервис кој се користи од 66 отсто од 10.000 најпопуларни сајтови, тогаш треба да се пријавите на новата Google-ова платформа за учење – Analytics Academy.

Академијата е наменета за сите почетници на кои им е потребен вовед во аналитиката и користењето на бројните ресурси кои се достапни на Google Analytics. После секое предавање, учесниците ќе се тестираат, а по завршувањето на курсот учесниците ќе добијат сертификат. Првиот курс ќе биде Digital Analytics Fundamentals и ќе започне на 8 октомври, а можете да се регистрирате овде. За повеќе детали погледнете го воведното видео.

[youtube]uPZSSdkGQhM[/youtube]

Овој курс кој ќе трае 3 дена содржи 22 лекции со времеетраење од 3 до 10 минути. Времето предвидено за негово завршување е 4 до 6 часа, а ќе вклучува:

  • Преглед на моменталната состојба за мерење и аналитика.
  • Основна методологија и техники на анализирање.
  • Најдобри пракси за собирање релевантни податоци.
  • Опис за изработка на добри концепти за мерење.
  • Специфични примери и навигирање низ Google Analytics.
  • Завршен испит за кој се потребни 80% за да се положи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии