Google ќе плати рекордна казна за нарушување на приватностa на корисниците на Safari

Google ќе плати рекордна казна од 22 милиони долари, што е најголемата казна изречена за една компанија од американската Федерална комисија, пишува Wall Street Journal. Казната е поради тоа што Google собираше податоци против вољата на корисниците на Safari кој е зададен прелистувач за Mac, iPhone и iPad уредите, но достапен е и за PC-ја.

Google вели дека се работи за грешка, но тој со специјален код го прелажувал прелистувачот да прифати колачиња, инсталирани преку реклами, со кои ги следел активностите на корисниците кои ја активирала опцијата да не бидат следени. Дополнително, Google претходно им кажувал на своите корисници дека доколку користат Safari ќе бидат безбедни и никој нема да ги следи.

Koдот е изгасен уште во февруари 2012 година, кога истражувачи од Standford и WSJ ги открија активностите на компанијата чие мото е „не прави зло“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии