Google ќе им помага на новинарите со News Lab

Со News Lab Google ќе започне соработка со новинарите, репортерите, но и сите кои сакаат да помогнат во креаирање на новите медиуми кои ќе го користат Интернетот како релевантен извор на информации.

Алатките кои им се на располагање на новинарите како Maps, YouTube, Fusion Tables, Fusion Tables и пребарувачот овозможуваат поквалитетно известување, а од компанијата започнаа и со кратки видео курсеви (туториали) кои ќе им овозможат на редакциите да научат како да ги користат овие алатки.

„Изминатата деценија, подобрата технологија и отвореноста на Интернет креираше револувуха ви начинот на креирање на вестите, нивната дистрибуција и прием кај читателите. Со оглед на тоа дека мисијата на Google е да обезбеди квалитетни информации кои се достапни и корисни насекаде, сакаме да обезбедиме иновацијата во новинарството да креира поинформиран и подемократски свет“.

Дополнително новата алатка Google Trends овозможува увид во најпребаруваните наслови во пребарувачот во реално време. Trends овозможува преглед на настаните по региони, но и по различни категории: економија, спорт, технологија и слично. Google преку соработка со медиумскиот акцелератор Matter и Hacks/Hackers заедницата на девелопери и новинари, ќе стартува неколку хакатлони кои ќе бидат фокусирани на нови алатки за истражувачко новинарство со помош на дронови и бази на податоци.

Google сака да го поддржи и граѓанското новинарство, и затоа за почеток ќе бидат достапни три проекти First Draft, WITNESS Media Lab и YouTube Newswire.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии