Google ќе го тужи Rockstar конзорциумот, предводен од Apple и Microsoft

Google се одлучи да започне контра тужба против Apple со која ќе се обиде да заштити дел од компаниите кои произведуваат Android телефони, и кои се во опасност да бидат тужени поради портфолиото на патенти на Nortel кое сега е во сопственост на Rockstar Consortium. Во своето барање Google тврди дека Rockstar ги користи патентите за да им се закани на нивните партнери. Помеѓу компаниите зафатени во маглата се ASUS, HTC, Huawei, LG, Pantech, Samsung и ZTE.

Барањето на Google е Судот да утврди, пред се дека Nexus линијата Nexus 5, Nexus 7 и Nexus 10 седум од патентите кои се во уредите не се од патент портфолиото на Rockstar или MobileStar. Станува збор за патенти како „хотспот функционалност“, „менаџирање со VPN“ и „пораки и нотификации“, извества Gigaom.

Rockstar е конзорциум која е во споственост на Apple, Microsoft и BlackBerry кои во 2012 платија 4.5 милијарди долари за патент портфолиото на Nortel. Од тогаш кампањата на конзорциумот таргетираше над 100 компании, а нивниот претседавач вели дека помеѓу компаниите кои неовластено ги користат патентите на Nortel се Facebook и Linkedin. Rockstar не произведува ништо и не креира нови патенти. Наместо ова Rockstar и нивните инженери во Онтарио ги разгледуваат сите успешни продукти барајќи било што, кое Rockstar може да го користи за барање и екстракција на лиценци на патентите под закана на судски спорови.

Аналитичарите велат дека Google го прави овој потег сега бидејќи Rockstar се подготвува да лансира низа на спорови пред новиот закон за интелектуална сопственост кој е во подготовка и се очекува да биде далеку полиберален од досегашниот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии