Google Nexus 7 ќе чини околу 200 долари

Најновите информации до кои дојде Gizmodo, ни откриват дека Google на I/O конференцијата  ќе го претстави својот прв Nexus 7 брендиран компјутерски таблет. Како што беше очекувано таблет компјутерот ќе го изработува Asus и ќе има два модели – модел со 8GB простор кој ќе чини 199 долари и 16 GB кој ќе се продава за 249 долари.

Nexus 7 ќе работи на Android 4.1 Jelly Bean, со четири јадрениот Tegra 3 процесор на Nvidia, Ge-Force 12-core графички процесор и 1GB RAM. IPS (In-Plane Switching) дисплејот ќе нуди поглед под агол од 178 степени и резолуција од 1280х800 пиксели. Исто така, Nexus 7 ќе има и NFC поддршка за Google Wallet (најверојатно само во САД) и Android Beam.

Според информациите од Gizmodo, Nexus 7 ќе започне да се продава од следниот месец и би требало да биде одлична конкуренција на Kindle Fire кој е целосно „заклучен“ во еко-системот на Amazon, па Nexus таблетот ќе понуди одлично искуство за поприфатлива цена во однос со останатите популарни компјутерски таблети како Apple iPad или Surface, новиот таблет компјутер на Microsoft претставен пред само недела дена.

2 коментари на “Google Nexus 7 ќе чини околу 200 долари

    1. Помеѓу 149$ и 199$ за моделот од 8GB, а од 16GB ќе е поскап (види Gizmodo за информациите, тие стигнаа до информацијата). Исто и резолуцијата е таа што е, 1280 х 800. Поздрав.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии