Google ќе го покажува вашиот имејл во пребарувањето, но само за да ви покаже подобри резултати

Google ја објави својата визија за иднината на интернет пребарувањето. Бројката од 100 милијарди пребарувања секој месец само покажуваат дека Google е компанијата која го поседува најдобриот пребарувач, па нивното мислење секако има најголем кредибилитет за ова прашање.

Откако во мај го презентираа Knowledge Graph, базата составена од податоци за 500 милиони личности, локации и предмети  и 3,5 милијарди податоци кои ги поврзуваат сите нив, ова нова функционалност овозможува Google да сугерира релевантни резултати при пребарувањето.

Дополнителните податоци, кои произлегоа од соработката со Wikipedia, и помошта при пребарувањето го ставаат Google далеку пред конкуренцијата. Најавата за уште понапреден пребарувач кој ќе ви прикажува збир на податоци поврзани за прашањата само ќе го продлабочи јазот помеѓу Google и најверјатно Bing во моментов.

 „Најдобриот одговор на прашањата понекогаш не е единствен, туку се збир на меѓусебе поврзани податоци. Претставува вистински предизвик да се издвојат овие податоци од мрежата. Сега почнуваме да го правиме ова. Кога ќе пребарувате за „светилници во Калифорнија“, „урагани во 2008“ или „познати жени  астрономи“, ќе ви прикажеме листа од овие податоци на почетокот на страната.“

[youtube]mg91_trV4hY[/youtube]

Дополнителна предност ќе биде персонализацијата низ пребарувањето. Податоците од Google+, Gmail и YouTube истотака ќе ви бидат прикажани во пребарувањата. Уште поважно Google смета дека понекогаш овие резултати се порелевантни, на пример ако сакате да одите на ручек, пребарувачот може да извади од вашиот имејл ресторан кој го сугерирал некој ваш пријател.

Покрај овие новитети Goоgle сметаат дека иднината е во гласовното пребарување, а покрај достапноста на Android во блиска иднина гласовното пребарување ќе биде достапно и на iPad и  iPhone. Иако е тешко веројатно дека во скоро време ќе можеме да видиме гласовни одговори на сите прашања, се чини дека во моментов сме поблиску до квалитетен гласовен асистент од било кога.

Во изминатава година Google направи повеќе од 500 подобрувања на својот пребарувач, иако и без нив ќе беа најдобри, ова само ја покажува решеноста на компанијата да го направат пребарувањето низ мрежата најдобро што може да биде.

[youtube]-cZ4mdrlWYM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии