Google ќе го купи WhatsApp за милијарда долари?

Дали Google ќе го купи познатиот сервис за разменување на пораки, WhatsApp, кој во последните неколку години бележи големи успеси? Digital Trends вели дека преговорите со Google траат повеќе од еден месец и се претпоставува дека конечниот договор ќе се затвори со 1 милијарда долари.

WhatsApp моментално е број еден платена апликација за четување преку мобилен во 100 земји. Наводно и Facebook би заинтересиран да го купи WhatsApp преку која се споделуваат 10 милијарди порадки дневно, но не успеале да се договорат, па сега го објавуваат Home која на корисниците ќе им овозможи ефикасен начин за комуницирање со пријателите.

Можеби цената е премногу неверојатна, но аквизацијата е можна, посебно ако се знае дека Google планира сите свои сервиси за комуницирање (Google Talk, Google+, Hangout, Voice, Message, Chat за Drive, итн…) да ги стави под една капа наречена Babble. Но, според Google, нивните сервиси се недоволно квалитетни и зад конкурентите како Facebook Messenger,Skype, Viber, LINE, WeChat, Tango…

1 коментар на “Google ќе го купи WhatsApp за милијарда долари?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии