Google ќе ги награди сајтовите кои користат HTTPS со подобар ранг

Google ќе го подобри ранкот на сајтовите кои користат безбедносно HTTPS протокол. Целта на компанијата е да ги поддржи компаниите и сервисите кои се побезбедни, ги енкриптираат корисничките податоци и со тоа се трудат да ги заштитат своите корисници од напади.

Google го тестираше новиот начин на рангирање последниве неколку месеци, имајќи во предвид дали сајтовите користат HTTPS, и откако се уверија дека новиот начин на рангирање функционира, започнаа да го применуваат во пребарувачот. Но, HTTPS нема да биде најголемиот фактор во рангирање во пребарувањето, па квалитетот на содржините сè уште е клучен при презентирањето на резултатите. Сепак Google најавува дека во иднина ова може да се промени и ги охрабруваат сопствениците на сајтовите што побрзо да се префрлат на HTTPS.

Во следниве неколку недели Google ќе им помогне на сопствениците и креаторите на веб сајтови со тоа што ќе објавува совети како најдобро да се имплементира TLS и да се избегнат вообичаените грешки. Енкрипцијата на податоците на Интернет ја зголемува безбедноста на податоците и им ја отежнува работата на сите кои сакаат да ги украдат овие податоци. Енкрипцијата може да им поогна на корисниците, нивните податоци да останат заштитени, иако се поврзуваат на интернет преку небезбедни Wi-Fi мрежи. Еве ги првите совети од Google:

  1. Одлучете каков сертификат ви е потребен: single, multi-domain или wildcard;
  2. Користете 2048-битни сертификати;
  3. Користете релативен URL за сите ресурси во истиот домен;
  4. Користете „protocol relative URL“ за сите други домени.;
  5. Видете ги советите од Google за како да ја промените вебадресата;
  6. Не блокирајте „crawling“ на вашиот HTTPS-сајт со robots.txt;
  7. Дозволете индексирање на страните од пребарувачите кога ова е можно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии