Google ќе дизајнира поубави Glass наочари

Google сака своите очила со проширена реалност освен што се функционални да ги направи и поприфатливи за модниот свет. За оваа цел компанијата започна со работка со Warby Parker.

Предизвикот со кој се соочува компанијата е од практични oчила да ги направи да бидат и естетски и модерни, нешто што Apple успеа да го направи со своите производи под раководство на Стив Џобс, пишува The New York Times. Google сега ќе се обиде во соработка со Warby Parker да го повтори успехот на ривалот од Купертино во презентацијата на своите производи. Ова значи дека во иднина Google Glass можеби ќе имаат и темни стакла иако ова никако нема да ја промени функционалноста на очилата.

Гласините за соработка помеќу компаниите го засенија новото видео во кое може да се видат неколку „препораки“ за кои ќе може да се користат Google Glass. Помеѓу препораките се фотографирање, споделување на тоа што го гледате, снимање или споделување на видео и слично. Покрај ова тука ќе биде и препознавање на обележја од фотографии што ќе им помогнат на туристите, пребарување по интернет и презентирање на податоцие на Glass. Една од повозбудливите можности ќе биде можното следење на спортовите од перспектива на учесниците во иднина.

[youtube]v1uyQZNg2vE[/youtube]

На 20 февруари започна и периодот во кои Google ги бара следните сопственици на Google Glass. Во неделата до 27 февруари сите заинтересирани треба да испратат есеј со должина од 50 зборови на тема зошто ги сакаат Google Glass. Избраните корисници ќе треба да платат 1.500 долари и да се во можност лично да го подигнат производот од Њујорк, Сан Франциско или Лос Анџелес.

1 коментар на “Google ќе дизајнира поубави Glass наочари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии