Google ја враќа црната лента за навигација низ нивните сервиси

Од пред два месеци Google реши да го смени начинот на кој се врши навигација низ сервисите на Google, и ја замени лентата со менија, со мени што реагира кога ќе поминете врз него, без воопшто да кликнете. Менито се отвараше кога корисникот ќе помине со глувчето преку логото на Google при што се отвараше мени со икони слично на интерфејсот кај мобилните оперативни системи.

Сега Google вели дека според реакцијата на корисниците, го воведува стариот начин за навигација низ сликите, документите, читање пошта или пребарување, т.е. преку црна лента која треба да се кликне за да се користи. Нема веќе да ви скока менито на Google само затоа што без да сакате сте поминале низ тој регион додека сте сакале да го затворите прозорецот.

Понекогаш стариот начин е подобар, но најчесто промените на корисничките интерфејси на сервиси што ги користиме често ги примаме негативно поради тоа што сме навикнати на „стариот” начин. Ако се сомневате за ова, прашајте ги Facebook како се справуваат со секоја промена на нивната социјална мрежа, без еразлика дали е позитивна или негативна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии