Google ја тестира вештачката интелигенција и со Starcraft

Google се обидува да ги уништи сите кои ги сакате. Откако вештачката интелигенција победува во: шах, го и покер, Google сега се насочи кон компјутерските игри.

Прва на листата е Starcraft. Google ќе ја користи Starcraft 2 за тренирање на DeepМind. DeepMind во соработка со Blizzard издадоа алатка која овозможува играчите на Starcraft да играат против вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција ќе игра со човек учесник и нема да има никаква предност пред луѓето.

За да ги научи основите на Starcaft вештачката интелигенција прегледа 65.000 натпревари човек против човек, јави Wired.

Очекувањата се дека вештачката интелигенција е многу подалеку од победа во Starcraft отколку што беше до „го“ пред неколку години. Поради комплексноста, евентуална победа во Starcraft ќе биде многу поголемо достигнување. Тестирањата за Starcraft се многу поблиски до вистинскиот живот, па би можеле всушност да покажат дали вештачката интелигенција може да излезе надвор од сегашните граници.