Google ја претстави новата Android Studio 3.2

Дејан Соколоски

во Вести

Google ја претстави новата верзија на својата платформа за развој на Android апликации Android Studio 3.2. Корисниците кои веќе ја користат платформата ќе забележат дека околината е речиси непроменета.

Google најави 20 нови функционалности на новата верзија, а дел од нив се навистина корисни.

Најверојатно најкорисни и за девелоперите, но и за корисниците ќе бидат 2 сосем нови функции. Едната е „Energy Profiler“, а другата „Android App bundle“. Energy Profiler им овозможува на развивачите да ја анализираат апликацијата која ја изработиле и да проценат колку ќе ја оптоварува батеријата на уредот. Дополнително тука се достапни и дел алатки за анализа и оптимизација на ефикасноста на апликацијата. Android App bundle е исто алатка за оптимизација но за оптимизација на големината. Станува збор за нов формат, а Android Studio овозможува брзо и едноставно креирање. Според процената од раните корисници, функционалноста ќе ја намали големината помеѓу 11 и 64 отсто.

Android Emulator Snapshots“ е алатка која ќе им помогне на развивачите во фаза на дебагирање. Функционалноста овозможува креирање запис со состојбата на емулаторот, екранот на апликацијата, нагодувањата и апликациите. Корисникот потоа може да ја вчита оваа состојба и да продолжи со анализата од тука.

Најверојатно последната поголема новододадена функционалност е Slices. Станува збор за овозможување на користење на вградените можности за вештачка интелигенција на Android. Апликциајта има готови шаблони кои овозможуваат поедноставно вметнување на вештачката интелигенција во апликацијата. Сепак се чини дека за оваа функционалност развивачите ќе треба да ја разгледаат новата документација.

Google ја објави целата листа на надградби на својот блог, а за повеќе детали може да се информирате на блогот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии