Google ја претстави мобилната Classroom за учениците и наставници

Google издаде мобилната верзија на Classroom наменета за студенти, ученици и професори. Апликацијата овозможува дигитална соработка помеѓу учениците и наставниците и е поддршка на Google Apps for Education кои во моментов има над 40 милиони корисници. Classroom постои околу половина година, но сега доаѓа со нова апликација во која се вградени искуствата од досегашното користење.

Апликацијата им овозможува на учениците и на професорите да имаат во предвид доколку некое домашно или задача треба да биде завршено и да селектираат кога ќе ја завршат задачата. Дополнително доколку ја заборават домашната ќе можат да побараат од некој од дома да ја фотографира и да ја предадат оваа верзија на домашната. Classroom е бесплатна и достапна за Android и iOS.

[youtube]C2fC7yrj984[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии