Google ја купува Motorola Mobility за 12,5 милијарди долари

Google за 12,5 милијарди долари ја купува Motorola Mobility, која пред осум месеци се отцепи од Motorola Inc., делејќи ја компанијата на две, на Mobility компанија за мобилни уреди, и Motorola Solutions, телекомуникациска компанија.

Со оваа аквизиција, која е најголема до сега на Google, интернет гигантот ќе добие портфолио со бројни патенти за мобилна технологија со кои ќе си го заштити Android. Motorola има околу 17.000 одобрени патенти, и уште 7.000 на кои се чека одобрување.

„Нашата аквизиција на Motorola ќе ја зголеми конкурентноста со зајакнување на портфолиото со патенти на Google, што ќе овозможи да се заштити Android oд анти-конкурентните опасности од Microsoft, Apple и други компании.“, вели директорот и основачот на Google, Лери Пејџ во блог пост.

Google неодамна изрази незадоволство што конкурентите користат „измислени“ патенти за да му наштетат на Android и да ги заплашат производителите кои ја користат платформата со наплаќање надоместоци. Пример, Microsoft и Apple ја тужат Motorola, HTC и Samsung за прекршување на патенти во користењето на Аndroid. Сега со оваа аквизиција, Google добива портфолио со патенти со кое може и тие да го возвратат ударот, односно да го тужат Apple. Тоа што е интересно во целава ситуација е што пред недела дена се зборуваше дека е можно Motorola да се сврти кон другите Android производители и да им наплаќа надоместок на HTC и Samsung заради патентите кои ги прекршува Android.

Google ќе го води Motorola Mobility како посeбен бизнис и најави дека Android ќе остане отворена платформа.

Покрај патентите, Google со Motorola ќе се осигура дека го контролира не само софтверското искуство со Android, туку и хардверскиот аспект, како што тоа го прави Apple со својот iPhone. За разлика од Google и Microsoft кои креираа мобилна платформа достапна за користење од бројни производители на паметни телефони, Apple си го спои својот оперативен систем си свој мобилен уред кој нуди оптимизирано корисничко искуство. Следејќи го тој модел на Apple, Мicrosoft неодамна стапи во соработка со Nokia, а сега Google ќе може да го направи истото со Motorola.

Во постот г. Пејџ ја пофали Motorola во лојалноста кон Android наведувајќи дека тоа е една од причините што одбрале да ја купат. Имено, Motorola e првиот производител кој се одлучи да го користи Android на своите паметни телефони.

„Во 2008-ма година, Motorola се oбложи на големо и го користеше Android како единствена платформа за сите свои паметни уреди. Тоа беше добар облог и ние сме возбудени на успехот што го остваривме до сега.“

Доколку биде одобрен од американските регулатори, се очекува купувањето да се финилизира во првите месеци од 2012-та година.

1 коментар на “Google ја купува Motorola Mobility за 12,5 милијарди долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии