Google ја купи апликацијата за споделување Bump

Стартапот Bump Technologies, кој ја креираше апликацијата за споделување на фајлови – Bump отсега е во сопственост на Google, јави New York Times.

„Наша цел во Bump отсекогаш беше да ги направиме наједноставните алатки за споделување на информации со останатите корисници и нивните уреди. Се обидуваме да креираме искуства кои наликуваат на магија, кои се овозможени од иновациите во математиката, процесирање на податоци и алгоритми. Затоа здружувањето со Google е одлично, компанија која има исто убедување: дека примената на процесирањето во сложените проблеми може целосно да го промени начинот на кој меѓусебно комуницираме.“,  објавуваат од Bump.

Bump овозможува „cross-platform“ за споделување на фајлови помеѓу корисниците, започнаа како платформа за споделување на дигитални визит-карти, податоци од друштвените мрежи и конечно стигнаа до фајови. Неодамна ја издадоа и апликацијата Flock која овозможува споделување на фотографии.

Неофицијално цената која ја плати Google за аквизицијата на Bump изнесува 40 милиони US долари. Засега не се објавени плановите на Google со Bump, иако претпоставките се дека на гигантот му се допаѓа едноставното и елегантно решение за корисниците, кое одлично ја затскрива комплексноста на алгоритмите во апликацијата. Иако можеби Google бара поедноставен начин за споделување на фајлови директно од Android паметните телефони на компјутер, предвивува Ars Technica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии