Google ја блокираше новата YouTube апликација за Windows Phone 8 од Microsoft

Само неколку денови откако двете компании ја објавија новата верзија на YouTube апликацијата за Windows Phone 8, истата е блокирана од страна на Google поради прекршување на правилата. „Microsoft не направи надградба на прелистувачот за да го пренесе целото YouTube корисничко искуство, туку ја реобјави YouTube апликацијата која ги прекршува правилата за користење.“, стои во соопштението од Google.

Aпликацијата која беше објавена пред неколку денови и на неа работеа заедно тимови од Microsoft и Google, работеше извесен период, сè додека не почна да прикажува порака за грешка. Причината поради која не работи YouTube апликацијата за Windows Phone 8 е во тоа што од Google го избришале API клучот што го користеле од Microsoft.

Од друга страна пак, Microsoft велат дека работат на решавање на проблемот. „Google ја блокира нашата надградба на YouTube апликацијата. Ние работиме на разрешување на овој проблем“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии