Google изгаси уште седум продукти

Се сеќавате на Wave? Google во блог пост најави „пролетно чистење“, односно гасење на сервиси кои не профункционираа.

„Во процес сме на гасење на број на продукти кои немаа импакт како што ние очекувавме. Ги интегрираме некои од сервисите како опции во нашите пошироки продукти, и гасиме некои од нив кои покажаа поинаков пат напред“, објаснува Google. „Целта ни е да изградиме сервиси со поедноставно, поинтуитивно, вистинско убаво Google корисничко искуство“.

Сервисите кои се гасат или интегрираат се:

  • Google Bookmarks List – ова е експериментална опција за колаборација со пријатели и споделување означени сајтови. Ќе се изгаси на 19 декември.
  • Google Friend Connect – овој сервис им овозможува на вебмастерите да додаваат друштвени опции на сајтовите. Сервисот ќе се гаси на 1 март, 2012-та година за не-Blogger сајтовите. Идејата е да се користат друштвените копчиња како Google+ или Like за да се има таа опција за споделување.
  • Google Gears – опцијата за офлајн користење на апликации беше изгасена уште во март, а сега т.е. на 1 декември ќе се гаси Gears за офлајн користење на Gmail и Calendar. Овој сервис ќе се замени со интегрираните офлајн можностите на HTML5, пример користење на oфлајн Gmail, Calendar и Docs на Chrome.
  • Google Search Timeline – овој граф кој покажува историски резултати за пребаруван термин ќе биде тргнат, а корисниците ќе треба да пребаруваат според времето, опција која е на левата страна од резултатите. Дополнително може да се користат google.com/trends или google.com/insights/search/ за датуми од 2004-та па навака.
  • Google Wave – овој сервис престана да се развива уште минатата година, а од април 2012-та година ќе биде комплетно изгасен. За продолжување на користење на сервисот ќе треба да користите Apache Wave.
  • Knol – ова е онлајн енциклопедија стартувана во 2007-ма која беше згазена од Wikipedia. Од октомври 2012-та ќе биде изгасена, иако ќе можат да се симнуваат текстовите.
  • Renewable Energy Cheaper than Coal (RE<C) – оваа иницијатива која требаше да доведе до поевтина алтернативна енергија ќе буде прекината бидејќи „други институции подобро позиционирани од Google“ имаат подобри идеи. Google ќе продолжи да инвестира во технологии за алтернативна енергија.

1 коментар на “Google изгаси уште седум продукти

  1. Зарем толку ви е тешко да ги проверите статиите од граматички и печатни грешки пред да ги објавувате?
    Навистина непрофесионално изгледа кога на еден добро посетуван сајт се објавуваат статии кои изгледаат како да биле преведувани со Google Translate или пак статии полни со печатни грешки, србизми и што уште не.
    И за на крај, сфатете треба „евтино“ наместо „ефтино“.
    ПоздраФ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии