Google има свој процесор за вештачка интелигенција

Tensor e процесор од Google наменет за „machine learning“, што за најмалку седум години ќе го продолжи Муровиот закон, кој вели дека моќта на процесорите се дуплира секои две години. Но, процесорот на Google всушност го забрзува правилото бидејќи процесорот ги подобрува перформансите за три генерации. „Tensor Processing Unit – TPU имаат подобри перформанси по потрошен ват електрична енергија од сите комерцијално достапни графички GPU и Field Programmable Gate Arrays – FPGA“, вели Сундар Пичај, директорот на Google.

Станува збор за процесорите кои се користат за AlphaGo компјутерот, кој неодамна стана светски шампион во играта Go. Според блогот на Google, компанијата ги користи овие процесори во своите податочни центри веќе една година. Процесорот пред сè е наменет за machine learning, поточно како поддршка за TenserFlow софтверот, и е десет пати побрз од конкуренцијата која би можела да се користи за слични намена.

 

Tensor е доволно мал да  може да се смести во просторот предвиден за хард-диск во раковите во податочните центри. Google овој процeсор освен за AlphaGo го користи и за RankBrain и Street View. Ова е првпат компанијата јавно да потврди дека работи на производство на процесор. Новиот процесор нема да ги замено досегашните процесори, графички процесори и FPGA, туку е наменет да работи заедно со нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии