Google+ има над 25 мил. корисници и е најбрзо растечкиот сајт до сега

Според податоци од comScore, новата друштвена мрежа Google+ има над 25 милиони корисници што го прави сервисот најбрз веб сајт кој стигнал до таа бројка. Всушност 25-те милиони се забележани на 24-ти јули. Доколку друштвената мрежа расте со еден милион корисници дневно, како што вели comScore, тогаш Google+ има над 35 милиони корисници заклучно со овој датум, 3-ти август.

Тоа што е интересно е што Google+ сè уште е во затворена тест фаза, а профили се отвараат само со покана од корисник на мрежата, иако до покани лесно се доаѓа, само споделете го вашиот имејл во коментарите во форма име ат gmail.com.

За споредба, на Facebook му требаа три години да стигне до бројка од 25 милиони корисници, а на Twitter му требаа 2,5 години. Сепак за разлика од Google+ овие две мрежи стартуваа во време кога друштвениот Веб беше само новина, кога откривање на приватноста беше застрашувачки и кога луѓето не беа толку расположени за споделување лични информации. Од друга страна Google+ е сервис на Google, гигант со над 1 милијарда корисници месечно, што помага да се популаризира сервисот.

(via Reuters)

6 коментари на “Google+ има над 25 мил. корисници и е најбрзо растечкиот сајт до сега

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии