Google им се налути на шпанските весници

Google News се повлекува од Шпанија, компанијата одлучи дека нема да им плаќа на шпанските медиуми за пренесување на нивните вести. Одлуката за повлекување доаѓа само неколку недели по контрoверзниот закон кој го донесоа шпанските власти чија цел требаше да биде заштита или повеќе средства за медиумите.

Ова е лоша вест за сопствениците за шпанските медиуми, но не поради тоа што нема да добијат пари од Google. Проблемот на весниците се што голем број на посети на нивните текстови во Европа доаѓаат од Google. Google смета дека ги почитува доволно правилата со пренасочување на сообраќајот и поради ова се повлекува од Шпанија.

„Чудни се моментите кога ви е срам, не како поединец, туку како член на колектив, на нешто поголемо. Во мојот случај денес ми е срам што сум Шпанец. Тоа што го чувствувам сега е длабо чувство на абсурдност“, вели Карлос Ребато во статијата за Gizmodo en Espanol.

Можеби новонастаната ситуација најдобро ја објаснува Хавиер Естебан, кој на Twitter објави: „Некои шпански медиуми сега ќе треба да плаќаат за Google AdWords за да ја компензираат загубата во сообраќај, кој претходно беше бесплатен“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии