Google и Винт Церф: Да го задржиме Интернетот слободен и отворен

Винт Церф побара побара од ITU да го остават интернетот каков што е – слободен и отворен. Мислењето на еден од „татковците“ на интернетот и сега главен интернет евангелист во Google, е дека главната движечка сила во 21 век во никој случај не смее да подпадне под цензура.

„Нашите протоколи беа креирани со цел мрежите од кои е составен Интернет да бидат без сопственици и да бидат интероперабилни. Тие избегнуваат затворање и дозволуваат допринос од многу извори. Оваа отвореност е причина што интернет има волку голема важност денеска. Токму бидејќи не познава граници и токму поради тоа што им припаѓа на сите, им донесе невидени слободи на милијарди луѓе низ светот: слобода за креирање и иновација, организирање и влијание, да зборуваат и да бидат слушнати”.

Поттик за оваа реакција е конференцијата на ITU која на 3 декември започна во Дубаи, а ќе биде рагледувана и регулацијата на интернетот. На предложената расправа, помеѓу другите, се спротивставува и Европската Унија, Mozilla, Google, a сега и САД излезе со предлог разговори за интернетот воопшто да не се водат на оваа телекомуникациска конференција бидејќи „Интернет му дава моќ на секој од нас да зборува, да креира, да учи и да споделува. Денес над две милијарди луѓе се онлајн – што претставува околу две третини од вкупната популација“.

„Дали Интернетот се регулира со владини договори преку ITU и до кој степен е критично прашање? Всушност прашањето е толку важно што за него не смее да се дискутира зад затворени врати. Интернетот каков што е денес е премногу важен за нашите животи за да оставиме на владите да ја решаваат неговата судбина.“, пишува Mozilla.

Покрај неколкуте коорпоративни гиганти подршка за слободен интернет пристига од 1.000 организации и над 160 држави, а на протестот се прикучуваат и се поголем број на поединци (во моментов над 2,5 милиони).

Идејата за слободата и отвореноста на Интернет, кој го користат над 2 милијарди луѓе да се разговара зад затворени врати е во најмала рака нечувствителна. Од друга страна не станува збор само за техничко прашање од областа на телекомуникациите, станува збор за слободата на говорот, но и основно цивилизациско право во 21 век. Па останува нејасно како на техничка конференција би се решавало за прашања кои се поставени од некои диктаторски режими кои бараат крај на анонимноста на интернетот.

На крај, барем за мене е неприфатливо алатката која во моментов на некои луѓе им е единствено средство „да зборуваат и да бидат слушнати“ да биде во раце на организација во која има барем една држава членка која е под диктаторски режим, па нека е тоа е ООН.

Каков интернет ќе имаме во иднина зависи од сите, затоа дадете ја својата подршка за слободен и отворен Интернет. Вашиот глас, но и вашето мислење, може да дадете на страната freeandopenweb.com или на Take Action.

[youtube]z-lwA9GJ1e0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии