Google и Ubisoft ќе креираат нова гејминг платформа

Дејан Соколоски

во гејминг

Стримањето на видео и музика значително влијаеше на промените во овие две индустрии. Google имаше значајна улога и во двете, а сега во соработка со Ubisoft најавуваат нов стрим. Assassin’s Creed Odyssey ќе биде првата игра која ќе може да се игра на прелистувачот Chrome. Засега ова ќе биде првиот тест на платформата, иако платформата доаѓа без никаква најава и секако е големо изненадување.

„Работиме на Project Stream, технички тест кој треба да надмине некој од најголемите проблеми на стримањето. За тест ќе ги тестираме границите на најпроблематичните апликации за стрим, блокбастер видеоигри“, објаснува Google на својот блог.

Засега игрите ќе бидат достапни на десктоп верзијата на Chrome, а дали можеби во иднина ќе бидат достапни и на мобилната верзија е непознато. Лоша вест е дека, тестовите се во затворена бета, ограничена за жителите на САД. Заинтересираните можат да се пријават на страницата на Project Stream иако има ограничен број „места“, а ќе биде потребна и интернет врска со капацитет од 35Mbs. Со оглед на ограниченоста на местата најверојатно нема да станува збор за стрес тест туку за тест на технологијата.

„Идејата за стрим на волку графички богата содржина за која е потребна интеракција речиси веднаш помеѓу контролерот и графиката доаѓа со низа предизвици. Кога се стримаат филмови и музика, на корисниците не им пречи кратко баферирање на почетокот, но стримот на квалитетни игри бара помало доцнење кое се мери во милисекунди“

Assassin’s Creed Odyssey е вистински AAA наслов; играта делува импресивно, па ќе биде интересно да се види какви ќе бидат резултатите од првите тестови на Ubisoft и Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии