Google и Samsung влегоа во топ 10 развивачи на Linux

Во последните неколку години Linux е платформата која владее помеѓу поголемите ИТ компании. Едни од компаниите кои имаат најголем пораст во доприносот за развој на Linux се Google и Samsung, а од денес истите се наоѓаат и во топ 10-те придонесувачи за развој на кернелот со отворен код на кој работат голем број на сервери, оперативни системи од мобилните и десктоп уредите.

Според новиот извештај од Фондацијата Линукс, Samsung и Google се наоѓаат на седмото и осмото место, позади водечкиот Red Hat, Intel, Texas Instruments, Linaro, SUSE и IBM. Во извештајот се вклучени скоро 92.000 промени од вкупно 3.738 индивидуалци откако беше објавена верзијата 3.3 во март 2012 година. За разлика од овие две компании, Nokia повеќе ја нема во листата на најголеми придонесувачи, бидејќи од компанијата се фокусираа на развојот на Windows.

Од табелата на развивачи може да се забележи дека голем дел на придонеси имаат непознати лица, односно 55% од промените се направени од индивидуалци, додека 80% од развојот на кернелот е направен од развивачи кои се платени за таа работа. Многу мал е бројот на волонтери кои остануваат да прават промени подолго време, бидејќи квалитетните развивачи брзо се забележуваат и се вработуваат во некоја од тие компании.

Фондацијата Линукс одобрува 7,19 пачови на секој час или 171 промени дневно или 1.200 на неделно ниво. Можеби некој ќе рече дека сите овие бројки се мали, но во пресметките не се земени промените кои не се одобрени за во кернелот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии