Google и Samsung се скараа околу паметните часовници

Односите помеѓу Google и Samsung повторно се заладени, јави The Information. Овој пат причина за раздорот е оперативниот систем Tizen кој Samsung го развива за своите часовници и е прв избор кога се во прашање паметните часовници од Samsung.

Google е незадоволен од одлуката на Samsung да презентира Gear 2 часовник на кој го инсталираше Tizen наместо Android Wear. Во тензична средба во која учествуваа Лери Пејџ и Џеј Ли од Samsung, Google го искажа своето незадоволство од оперделбата на Samsung повеќе време да поминува во развој на часовници и уреди кои ќе подржуваат Tizen, отколку Android Wear.

Иако пред неколку месеци кога се смирија односите помеѓу Samsung и Google изгледаше дека токму Tizen ќе биде најголема жртва на преговорите. Но, Samsung има поинакви планови. И покрај најавите за големи планови за Tizen, Samsung сè уште нема издадено ниту еден позначаен уред со овој оперативен систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии