Google и Samsung се помирија околу интерфејсот на Galaxy Slate

Google и Samsung најверојатно ќе изнајдат прифатливо решение околу расправијата меѓу нив која започна со Galaxy Slate таблет компјутерот. Проблемите се пред поради изгледот на корисничкиот интерфејс, Magazine UX, кој не му се допаѓа на Google. Сега најавите се дека јужнокорејската компанија размислува целосно да се откаже oд интерфејсот, јавуваат извори на Re/code.

Magazine UX беше јаболко на раздорот, бидејќи наликува повеќе на спој на Flipboard и Metro отколку на визијата која ја има Google за Аndroid. Се разбира Google од ова нe беше задоволен па започнаа разговори со Samsung oколу интерфејсот. Се чини дека и Google е под притисок бидејќи дуреи 25 отсто од Android телефоните испорачани во последното тримесечие се без услугите на Google. Ова најмногу се однесува на кинескиот пазар каде сервисите на Google се забранети.

Освен најавата за промена или откажување на Magazine UX интерфејсот, Samsung најави дека ќе има поголем акцент на апликациите од Google Play, за сметка на апликациите од Samsung. Засега останува нејасно кои се отстапките кои ги направил Google и дали можеби продажбата на Motorola е дел од овој пакет. Се чини дека односите помеѓу Google и најголемиот производител на Android телефони сега се во одлична положба откако пред неколку дена гигантите се договорија да си ги споделат патентите кои ги поседуваат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии