Google и Samsung работат на 10-инчен таблет компјутер

Откако соработката со Asus на Nexus 7 беше огромен успех, Google започна соработка и со Samsung за изработка на нов 10-инчен таблет компјутер, jaвува CNET.  Десет инчниот таблет ќе биде конкурент на новата генерација на iPad уреди.

Екранот е најавен со резолуција од 2,560х1,600 и 299 пиксели на инч , што прави екранот, барем според бројките да биде подобар, од Retina екранот кој го има iPad. За разлика од Nexus 7 кој е економичен уред, Nexus 10 е замислен како поексклузивен уред кој најверојатно и со цената ќе биде во близина на iPad.

Изработувањето на заеднички проект со Samsung ќе значи и подобрување на соработката на двете компании. Со ова најверојатно ја гледаме и замислата на Google за изглед на Android екосистемот, 7-инчни таблети во саработка со Asus и 10-инчни во соработка со Samsung, засега изгледа дека е постои можност за соработка и со некоја нова компанија на пазарот за паметни телефони. Сепак изгледа дека Motorola ја има забетонирано оваа позиција, иако Google соработува со повеќе производители на пример со Samsung на Galaxy Nexus и со LG на Optimus G Nexus.

Интересно е дека веста доаѓа по се поизвесното влегување на Apple на пазарот на 7-инчни таблети.  Со ова двата гиганти ќе бидат ривали на пазарите за паметни телефони (во соработка со Motorola, која е сопственост на Google), мали таблети (во соработка со Asus) и сега големи таблети (во соработка со Samsung).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии