Google I/O овојпат со повеќе хардвер

Оваа недела се одржа Google I/O, она што го одбележа настанот се неколку најави за нов хардвер и најава за промените кои се подготвуваат за Android Q.

Подостапни квалитетни Android телефони за сите

Веројатно најпријатното изненадување на настанот се новите Pixel 3A и Pixel 3A XL уреди. Со ова по подолго време корисниците ќе имаат можност за достапен телефон со непроменет Android. Последен пат кога телефон со непроменет Android беше достапен за волку ниска цена беше 2013 година, а Nexus 5 беше телефон од висока класа.

Телефонот е веќе во продажба во 13 држави. За жал Македонија како и  досега не е дел од пазарот на кој телефонот стигнува по легални канали и веројатно ќе треба да почекаме подолг период.

Повеќе за Pixel 3A и Pixel 3A XL може да прочитате тука.

Нов Nest Hub Max уред за центар на паметниот дом

Овој сектор на паметни центри на домови на кои се поврзуваат сите уреди веќе неколку години е достапен на Google I/O. Во претходните години во фокусот беше паметниот звучник Google Home; оваа година е Nest Hub Max. Станува збор за паметен дисплеј со камера комбинација од неколку уреди: Google Home Hub, камерата на Nest и Google Home Max.

Уредот доаѓа со куп можности и функционалности. Nest Hub Max има простор за безбедносна камера, дисплеј и звучници.

Овојпат камерата овозможува и препознавање на ликот на корисникот кој го отклучува уредот и на овој начин му прикажува персонализирана содржина. Целото препознавање на ликот се прави на уредот и овие податоци на корисникот никогаш не го напуштаат Nest Hub Max.

Цената на уредот е 230 американски долари и ќе биде достапен веќе од лето.

Project Mainline

Ова е веројатно најважната најава на оваа конференција. Почнувајќи од Android Q софтверските надградби нема да одат преку производителите на телефоните, туку преку Google Play. Со оглед на неажурноста на производителите ова е една од најдобрите вести барем кога е Android во прашање.

Надградбите ќе бидат поделени во модули кои ќе бидат наменети за отстранување на баговите кои зафатиле дел од телефонот.

Android Q

Без премногу најави и големи изненадување Google го најави Android Q. Бета верзијата на оперативниот систем е веќе достапна.

Дел од најавите веќе зборуваат за темниот мод на работа за сите апликации. Она што може да се истакне е дека во овој мод екранот ќе биде црн, а не темно сив, што би можело да помогне и со батеријата.

Од минатата година веќе е познато дека оваа верзија на Android на корисниците ќе треба да им овозможи да поминат помалку и поквалитетно време со својот телефон. Така покрај стандардните обиди за заклучување на телефонот на помладите, Google сега го најави и Focus модот. Со оглед на тоа дека има неколку вакви екстензии за веб веројатно начинот на работа нема да ви биде изненадување. Корисникот одбира кои апликации може да се вклучат и користат при фокусирано работење, и кои апликации не се користат и се гасат.

Дел кој може да се смести во најавата за Android Q е надградбата на вештачката интелигенција и асистентот. Во иднина Google Assistant ќе биде и покорисен, па ќе може да помогне со одговори на имејл пораки, персонализирани пребарување (на пример „мапа до дома“). За жал оваа надградба ќе биде достапна на следната генерација на Pixel телефони.

Покорисен Google Lens

Да бидеме искрени презентацијата на Google Lens не беше премногу импресивна. Најголемата причината за тоа е што примерот беше не сосем соодветен. Корисникот низ своето мени го читаше менито во ресторан. Апликацијата му одговора со содржина од менито, што е популарно во рестoранот.

Дополнително, една од поинтересните функционалности на апликацијата е можноста за скенирање на сметка и поделба на истата.

Duplex на веб

Вештачката интелигенција која може да имитира луѓе и да разговара во име на корисникот веројатно беше и една од најдобрите презентации кои ги видовме лани.

Новитет од оваа година е дека Google Duplex ќе добие и веб верзија. Оваа верзија не само што може да прави повици туку може да прегледува веб страници, да пополнува форми и да прави некои поедноставни работи онлајн. На пример, да резервира карти за кино или да закупи автомобил.

Повеќе за Google I/O, сите најави и претставување може да прочитате на блогот на Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии