Google I/O конференцијата е најавена за 15-ти мај

Следната Google I/O конференција ќе се одржи од 15 – 17ти мај, следната година, објави Google на својот Developers профил на Twitter, додека во поопширното соопштение објавено на Google+, се вели дека настанот ќе се одржи во Moscone Center West во Сан Франциско.

Ова е конференција која првично е наменета за програмерите, а со почестиот развој на продукти и сервиси од Google, истата стана главно место за нивно претставување. Секако, најмногу внимание се обрнува на оперативниот систем за мобилните телефони – Android, кој најверојатно новата верзија со кодно име Key Lime Pie ќе ја добие токму на овој настан.

Инаку, Google на овогодинешната IO конференција го претстави таблет компјутерот Nexus 7 со Android 4.1 Jelly Bean, Project Glass и Nexus Q. Повеќе за тоа што се случуваше на Google I/O 2012, можете да прочитате овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии