Google и Nokia се скараа околу видео енкодирањето

Google и Nokia се во расправија околу патентите за видео енкодирање. Google сака да го направи својот VP8 кодек веб стандард во WebM алатките за видео продукција, но делови од програмот за видео кодирање се заштитени од Nokia која вели дека VP8 не е доволно „отворен“ како другите алтернативи.

WebM е конструиран искучиво за онлајн употреба, а голем дел од алатките се поедноставни верзии на скап софтвер кој го користат телевизиските станици. Инжинерите на Google кои работат на проектот се надеваат дека нивната VP8 технологија ќе биде прифатена како стандард за HTML. За жал нивните колеги од Nokia не се подготвени да се откажат од 63-те патенти кои ги имаат на кодекот.

Google се обидува да го протурка VP8 со партнерство на MPEG LA, друга компанија која има патенти за VP8 технологијата. Со тоа партнерство Google добива право да лиценцира дел од сите претходни и идната генерации на технологијата. Според Nokia тоа не е оправдано.

„Сведоци сме како една компанија се обидува на сила да протурка адаптација на својата лиценцирана технологија, која не нуди никаква предност пред веќе постоечките, и широко прифатените стандарди како H.264 и при тоа ги прекршува правата на интелектуална сопственост на Nokia.“, вели финската компанија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии