Google и Netflix ќе лансираат алатка за анализа

Дејан Соколоски

во Вести

Google и Netflix соработуваат на опен сорс алатка. Алатката е развиена од Netflix, и е интегрирана во Spinnaker платформата на Netflix.

Она што го овозможува Kayenta е навремено известување на проблемите кои може да ги предизвика надградба. Ова се однесува и за софтверска, но и за надградба на инфраструктурата. Алатката проверува дали сервисот се однесува според предвидувањата по секоја надградба, вели TechCrunch.

Споредбата се прави според однесувањето на системот пред да биде направена надградбата. Со Kayenta ќе биде олеснета работата на тимовите при додавање на надградби. Наместо надградбата да се прави на помали групи сервери, со алатката ќе може да се направи проверка дали системот е подготвен за оваа надградба.

Алатката првенствено е креирана за инфраструктурата на Netflix. Соработката со Google овозможува да се креира алатка која нема да се занимава единствено со спецификата на инфраструктурата на Netflix. Новата алатка треба да биде универзална и да се користи на широк спектар системи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии