Google и Mozilla демонстрираа видео повици меѓу Chrome и Firefox

Google и Mozilla преставија како нивните прелистувачи, Chrome и Mozilla, можат да комуницираат меѓу себе со WebRTC. Поддршката за WebRTC нема да се појави во најновите верзии на овие два прелистувачи, но веќе е интегрирана во тест верзиите кои може да ги симнете и да ги испробате. Еве линк до Chrome 23, и до Firefox Nighly.

WebRTC е веб стандард кој дозволува да се комуницира преку глас и видео преку прелистувачи кои се компатибилни со Real-Time Communication (RTC) технологија, без потреба од плагини. И двете компании во своите прелистувачи користат Opus и VP8 видео кодеци, DTLS-SRTP за енкрипција и ICE за вмрежување. Сите овие технологии се изградени од заедницата за отворен Веб и W3C.

„Бидејќи функционалноста веќе е додадена во прелистувачите, корисниците ќе можат да ги избегнат проблемите со плагидни, а програмерите ќе можат да ја искористат полесно и поуниверзално во своите апликации.“, велат двете компании во блог пост.

Демото од видео повиците може да ги видите и подоле во видеото меѓу Хју Финан, директор за менаџмент на продукти на Google, и Тод Симпсон, главен за иновации во Mozilla.

[youtube]MsAWR_rJ5n8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии