Google и Microsoft плаќаат за да не бидат блокирани од AdBlock Plus

Дејан Соколоски

во Веб

Adblock Plus, можеби најпопуларната екстензија за блокирање на рекламни банери, има договор со дел од огласувачите кој овозможува нивните реклами да го поминат филтерот и да му бидат презентирани на корисникот, јави Financial Times. Според FT, огласувачите во индустријата на онлајн реклами која вреди околу 120 милијарди долари, се загрижени дека AdBlock и другите слични екстензии ќе им го намалат бизнисот, па се решаваат на вакви соработки иако може да ги чинат повеќе. Само AdBlock е симнат 300 милиони пати и има над 50 милиони корисници месечно.

Google, Bing и Taboola се дел компаниите кои имаат договори со Eyeo, германската компанија зад AdBlock, со кои им се дозволува нивните реклами да го поминат филтерот на Adblock Plus. Еyeo вели дека соработува со компаниите, но само под свои услови. Односно, ги става на „белата листа“ рекламите кои се јасно назначени дека се реклами, и кои не ја модифицираат содржината на сајтот на кој се поставени. Договорите се дел од „прифатливите реклами“ кои се помалку досадни за корисниците, и се бесплатни за помалите сајтови чие финансирање зависи од рекламите. Поголемите компании сепак плаќаат далеку повеќе за да бидат дел од „white list“ програмата.

Некои компании како германската медиумска групација RTL се решија да одат на суд против Eyeo, што, зависно од конечниот исход, може да биде пример и за други.

[youtube]pVYtzF5SemU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии