Google и Ford ќе основаат компанија за автономни возила?

Можно е Google и Ford на CES во јануари да го имаат најголемото изненадување со најава дека започнуваат партнерство за производство на автономни автомобили. Во моментов оваа вест е само шпекулација, но Yahoo Autos тврди дека Google и Ford, кој неодамна започна да тестира роботски-возила, подготвуваат заедничка инвестиција за компанија која ќе работи со автономни возила. Се чини дека од партнерството ќе профитираат и двете компании, Ford ќе ја добие нajверојатно најдобрата технологија за автономни возила, а Google ќе има пристап до вистинска фабрика за автомобили.

Заедничката инвестиција ќе подразбира основање на нова компанија која ќе биде одделена од Ford. Изворите на Yahoo велат дека причина за ова за да се исклучи одговорноста при сообраќајни несреќи од страна на Ford. Google и неколку други компании прифатија одговорност доколку се случи незгода со автономните автомобили. „Соработуваме и ќе соработуваме со многу компании во врска со Ford Smart Mobility планот. Засега овие разговори се тајни, поради конкуренцијата, и нема да коментираме на шпекулации“, вели претставник на Ford. Од Google одбија да коментираат на прашањата, но барем засега никој не ги демантираше вестите.

Еден од новитетите кои речиси сигурно ќе се реализираат, е минатонеделната шпекулација дека автономните возила на Google ќе бидат одделени во посебна компанија. Ова не е изненадување, посебно по креирањето на Alphabet која како посебна компанија ги презеде сите нови технологии од Google, оставајќи го Google да се занимава само со интернет бизнисот и пребарувањето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии