Google и Facebook со нов подобрен формат на реклами

На Advertising Week во Њу Јорк, што е моментално во тек, и Google и Facebook најавија нови формати на реклами кои сега ќе бидат подруштвени, ќе ги вклучуваат лајковите и +1 од вашите пријатели и ќе содржат повеќе информации за самиот продукт.

Google: Само одговори

Google стартува формат на реклами кои не се само текст, туку се повизуелни, можат да вклучат видео или слика, цена, или на кратко, сите информации кои го објаснуваат продуктот кој се рекламира. Google вели дека корисниците два пати повеќе кликаат на овие Product Ads и Media Ads отколку на само текстуалните реклами бидејќи знаат за кој продукт се работи. Исто така и локацијата ќе биде дел од овие подобрени реклами кои се и со +1 копче, што Google го форсира бидејќи преку него може да ги персонализира резултатите и да таргетира реклами бидејќи „луѓето им веруваат на препораките од пријателите“.

„Започнавме со три линии текст кои сега еволуираа во реклами со богата мултиметија, кои се свесни за локациајта и кои се друштвени.“

Facebook: Друштвени реклами

Facebook ќе претстави нов вид на реклами со можност за лајкувања и коментари. Со коментарите Facebook, исто како Google, ќе им овозможи на корисниците да споделат „пријателска препорака“. Овие реклами кои се налик на Sponsored Stories, ќе бидат поголеми и ќе се појавуваат од страна на корисничкиот профил самостојно, без други реклами. Рекламиве ќе бидат наменети за поголемите брендови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии