Google и Apple заедно ќе ги купат патентите на пропаднатиот Kodak

Дејан Соколоски

во Свет

Google и Apple се здружија за заеднички да ги купат патентите кој ги поседува Kodak, јавува Bloomberg. По прогласувањето на  банкрот, Kodak ја процени вредноста на своите патенти на 2 милијарди долари, иако заинтесираните компании велат дека вистинската вредност е од 500 до 800 милиони долари.

Двата гиганти всушност се лидери на поголем конзорциум во кој членуваат и LG и Samsung, но и Microsoft, јавува Wall Street Journal. Групацијата е заинтересирана за околу 1.100 патенти на Kodak и се подготвени да понудат над 500 милиони долари. Патентите за кои се заинтересирани овие компании се однесуваат секако на фотографии.

Иако непотврдено, The Register пишува дека  за портфолиото  на Kodak конзортиум е подготвен да понуди и 800 милиони долари.

Ова не е првпат компании да се здружат за откупување на патенти, Apple, Microsoft и RIM заедно купија 6.000 патенти од Nortel. Најавата за вакви здружувања го натера Kodak да предупреди дека доколку не се задоволни од понудата воопшто нема да ги продадат патентите.

Некако не радува подготвеноста на Google и Apple барем привремено да заборават на меѓусебните спорови за прекршување на мобилни патенти. Уште поинтересно е што во конзортиумот учествува и Samsung, компанија со која Apple е во спор на кој сè уште не му се гледа крајот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии