Google и Apple стартуваа модели за претплата за весниците и магазините

Аpple го следи моделот за претплата, со кој се стартуваше The Daily на Руперт Мурдок, односно „издавачите ќе можат да си одредат цена и должина на претплата (дневно, неделно…) и со еден клик корисниците ќе можат да си одберат претплата и да им биде наплатено според неа“. Корисниците ќе можат да прегледуваат и ги менаџираат разните претплати, вели Apple, додавајќи дека тие ќе наплаќаат 30% од секоја претплата бидејќи сето тоа оди преку нивната услуга и iTunes.

Интересно Apple ќе оневозможи издавачите да линкаат преку апликациите до други платежни методи за претплата, со цел да си го задржат делот.

Како конкуренција, еден ден подоцна, Google го стартуваше One Pass моделот за претплата за магазини и дневни весници. За разлика од Apple, Google ќе наплаќа само 10% од претплатата. Ќе има опција издавачите да наплаќаат за цело издание или за еден текст, а One Pass корисниците ќе можат да отворат сајт на весник на кој се претплатени логирајќи се преку Google профил. One Pass е започне првин во САД, Британија, Шпанија, Франција и Германија со опција да се рашири и во други земји.

Со овие два модели се охрабруваат издавачите да наплаќаат, дали за издание или за текст, но може да се каже дека започнува ерата на платежниот ѕид. Сепак, ќе треба храброст бидејќи e многу лесно може да се изгуби публиката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии