Google+ Hangouts дружби преку мобилен; видео четовите можат да се емитуваат во живо

Google+ конечно стана достапен за сите кои сакаат да се регистираат без да мора да бидат поканети. Оваа новост е пропратена со подобрување на една од најистакнататите опции со кои може да се пофали Google+. Се разбира станува збор за опцијата Hangouts која најде одличен прием помеѓу корисниците, но со нејзиното надоградување Google+ верува дека го има вистинското оружје против Facebook.

Најголемата новост поврзана со Hangouts е тоа што оваа опција од сега ќе биде достапна и за мобилни телефони. Hangouts сега за сега е достапна само за оние уреди кои имаат камера на предниот дел од телефонот и Android 2.3+ верзија. Според официјалниот блог, на Google наскоро ќе излезе и апликација за iOS уредите. Доколку сакате да започнете видео разговори со вашите пријатели од било каде користејќи го само вашиот мобилен телефон, тоа можете да го сторите со преземање на официјалната Hangout апликација од Android маркетот. Покрај Hangouts, најавени се и подобрена SMS поддршка за мобилната верзија на Google+, подобра +mentions поддршка, +1 коментари, едитирање на профил слика, персонализирање на нотификации и чистење на просторот.

Уште една интересна новина поврзана со групниот видео чет е Hangouts On Air. Станува збор за опција која овозможува веќе постоечкиот групен чет да се емитува на било кого и да се снима. Денес ќе се емитува првиот Hangout On Air и ќе биде воден од страна на поп ѕвездата Will.i.am. За повеќе информации упатете се на неговиот Google+ профил, или пак на профилот на одговорниот за Google+, Vic Gundotra.

Претходно Hangouts им овозможуваше на сите оние кои се вклучени во разговорот да гледаат исто YouTube видео, и да коментираат на него. Сега корисниците можат да споделуваат многу други работи меѓу себе, како што е споделување на својот екран, овозможувајќи им на останатите да видат што е отворено на вашиот екран, споделување на канвас на кој можете сите да цртате, и Google Docs со што се oвозможува групно работење на еден документ. Уште една интересна новина е можноста да започнете групен видео разговор на одредена тема, така што самите ќе си го именувате групниот видео разговор кои сакате да го започнете. Тимот на Google+ сè уште ги усовршува овие доплнувања, но доколку сакате да ги испробате, започнете Hangout и кликнете на Try Hangouts with extras.

Последната новина поврзана со Hangouts е тоа што API-то сега е достапно за сите девелопери, овозможувајќи им да креираат нови интересни апликации и игри кои ќе бидат базирани на веќе постоечкиот систем на групен видео разговор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии